Старлетата Ава Карабатиќ повторно ја изненади јавноста. По турбулентниот период обележан со драма со партнерот, познатата старлета и инфлуенсерка одлучи да направи голема промена на имиџот – ја скрати косата речиси до глава.
Фотографијата со новиот изглед ја објави на социјалните мрежи, а покрај неа кратко напиша: „Нов почеток, нова фризура, нова јас. Благодарам на Ана Брдар за филмската шминка.“
Ава со оваа промена предизвика бројни реакции кај следбениците. Многумина ѝ дадоа поддршка и ја пофалија нејзината храброст да се одлучи на толку драстична промена.
„Вау, предобро“, „Топ“, „Ава, супер си“, „Прекрасна си“ – се само дел од коментарите кои се ределе под објавата.
Сепак, не беа сите воодушевени од нејзиниот нов изглед. Дел од следбениците имаа значително поостро мислење, па ѝ оставија и непријатни коментари.
„Итно купи перика!“, „Жена без коса, која е најголемиот женски украс, не е жена, туку вонземјанин!“, „Ако драстично си ја променила фризурата, тоа нема да ти помогне ако не го промениш начинот на размислување“, биле дел од коментарите.
Нејзиниот нов изглед доаѓа по исклучително турбулентни недели. Ава во август се најде во центарот на сериозна драма со тогашниот партнер Лазар Иван, по што јавно изнесе тврдења за насилство и побара помош. За настаните зборувала и пред полицијата, а случајот привлече големо внимание во медиумите.
foto: printscreen/fb/Ava Karabatic





