Радио Милева „Дежурна тетка“

Анастасија сподели неодолива снимка: Ја снимаше сестрата на тато Немања како го чува бебето Илијан

Анастасија сподели неодолива снимка: Ја снимаше сестрата на тато Немања како го чува бебето Илијан

Анастасија Ражнатовиќ неодамна на свет го донесе синот Илијан, кој ги усреќи семејствата Гудељ и Ражнатовиќ.

Анастасија и Немања не ја кријат среќата поради приновата, а сега наследничката на Цеца покажа кој ѝ притекна на помош кога е во прашање чувањето на детето.

Нив двајца не се одвојуваат од приновата, но ниту останатите членови на семејството, меѓу кои и сестрата на Немања, Вања.

За тоа сведочи снимката која пејачката Анастасија Ражнатовиќ ја објави на својот Инстаграм профил. На објавата се гледа сестрата на Немања, Вања Гудељ, која го чува малиот Илијан во нивниот дом во Севилја.

Таа на снимката ја турка количката во која е бебето, а гордата тетка истовремено и вежба. „Тетка дежурна“ – напиша таа во рамките на објавата и ја додаде песната: “No stress, just vibes”.

Ќерката на балканската ѕвезда Светлана Ражнатовиќ, се породи пред пет дена и на свет донесе момче на кое му го дадоа името Илијан.

Анастасија девет месеци ја држеше бременоста во тајност и не се огласуваше на социјалните мрежи, а сега објави видео кое привлече големо внимание.

Всушност, Анастасија сподели видео кое носеше моќна порака.

„Без оглед на тоа каде си во животот, запомни дека си точно таму каде што треба да бидеш“, пишуваше во описот на видеото кое привлече големо внимание на социјалните мрежи.

фото:Instagram printscreen/raznatovicanastasija

To top