Радио Милева на работ на...

Ана Стојанова во ултрасекси фотосесија ги буди сите сетила: Парче уметност или тврда еротика… сеедно, возбудата е загарантирана! (ВИДЕО)

Ана Стојанова во ултрасекси фотосесија ги буди сите сетила: Парче уметност или тврда еротика… сеедно, возбудата е загарантирана! (ВИДЕО)

Познатата македонска фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова оддамна покажа дека е склона кон разно-разни изненадувања. Покрај тоа што знае на своите следбеницида им приреди и понуди различни програми за јачање на мускулатурата по цело тело, слабеење и здраво живеење, сето тоа знае убаво да го спакува и зачини со личен пример и промоција на своите бујни облини.

Така, Ана неретко ја гледаме на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде знае да понуди серија најразлични фотографии или видео клипчиња кои многумина од посилниот пол долго ги гледаат со „очи ширум отворени“, а потоа и сонуваа со очи затворени и тоа со добра причина.

Како и не би кога расната фитнес инструкторка секогаш знае како да го истакне најдоброто или поточно, највозбудливото од својата телесна убавина, а сексапилната велешанка и тоа како има што да покаже. И во фотографиите и видеата од плажите од некоја од далечните егзотични дестинации на кои ја води својата женаска „Peach army“, на кои како „најсочна“ од сите „праскички“  најчесто во танга мини бикини ја бранува фантазијата и поттикнува возбудата кај оние што подоцна „со падната вилица“ ги листаат нејзините жешки фотографии.

Но, атрактивната инструкторка неретко знае да исфрли и понекоја малку поинаква фотосесија, најчесто наменски направена, да привлече, заинтригира, заскокотка и да ги запали и оние што ги, ама и оние што не ги интересираат нејзините фитнес програми.

Ефектот е двоен, а и секогаш целта е постигната. И кај оние што од нејзините програми имаат неизмерна потреба и кај оние, кај кои предизвикува само „неподнослива“ возбуда. И така се’ досега…

Но, она што последно Ана Стојанова го споделила на својот Инстаграм, не постои вистински маж, а и понекоја жена во кои не се разбудило „еротско лудило“. Зашто нејзината најнова ултрасекси фотосесија ги буди сите сетила.

Во неа Ана како во еротски филм… Разголена, стројна и бујна, расна и страсна, во крзнени ултрамини танга бикини во различни пози ја бранува фантазијата до крајна граница. Со секој ваш поглед на нејзиниот распослан телесен раскош хормоните еруптираат, а копнежот наречен желба, незадржливо го катапултира тестостеронот до плафонот!

Секој нејзин поглед и секое заводливо движење не дозволува ни да трепнеш, а камо ли да затвориш очи до мижење.

Зашто ваква провокативна уметност во разголувањето предизвикува само едно: Со „очи ширум отворени“ долго да ја гледате нејзината неподнослива леснотија на заведувањето!

Парче уметност или тврда еротика…? Сеедно, возбудата е загарантирана!

А, зад оваа фотосесија се се кријат две наши  имиња од светот на фото и видео уметноста.

Антонио Станков и Филип Пашоски, кои стојат зад фотосесиите и видеата на некои познати македонски модни и музички имиња, но и некои  од регионалната сцена.

Мајстори на фотуметноста  со кои Ана Стојанов и досега соработувала.

Но, она што сега го прикажува последната видеопонуда е на работ на… уметничко еротско совршенство!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Фото и Видео: Инстаграм/annstojanova

To top