Ана Стојанова никако не мирува. Врти – сучи, секој викенд е некаде. Во некоја урбана градска метропола или на море. Некогаш на подолго, со нејзината „Пич армија (Peach army)“ нa летен предизвик, некогаш само на ден-два, ама затоа секогаш и секаде знае како да ужива.

Во многу нешта, па и во храната, колку тоа и да изгледа дека таа е диетална!

Сексапилната фитнес инструкторка иако е поборник на здрав живот, очигледно е и голема мераклика на добра порција, осОбено кога таа е подготвена и сервирана да ја чека и тлее, така што Ана да не може да и одолее.

Но, атрактивната велешанка и покрај својата хедонистичка побуда, никогаш не заборава дека после добро јадење мора да има уште подобро празнење… На енергија мислевме, секако! А за тоа Ана Стојанова има два начина како полесно да се свари храната после вечера!

Првиот е трошење енергија со танцување. А пред заводливиот танц на „фитнес ѕвездата“ се „поти“ и камерата, па полека објективот се замаглува како што расната убавица во кадарот се оддалечува! Но, ова е само една половина од танцот на фитнес инструкторката пред да легне во постела. Онаа втората за трошење енергија за подобро да се свари храната допрва следува? Освен ако постелата по обилната вечера, не мора да ја дели сама!? До душа, таму не и е место на камерата, ама затоа еве ја веќе следното утро на терасата.
Велат: „Утрото е попаметно од ноќта“, па можеби затоа наутро и не мора да се танцува, зашто танцот завршил по полнооќ или рано изутрина“?

Ем либидото исполнето, а страста задоволена, ем желудникот празен, а храната сварена!

Стомачето рамно, фустанчето провидно, хулахопките кренати до горе за и сред лето да не ја стресе утринска зима, а под нив… Може, а и не мора ништо да има!

Ма, има ли подобар рецепт како да се свари храната после вечера, од „ноќниот танц“ на „фитнес ѕвездата“?

Фото и видео: Инстаграм/annstojanova





