Иако Станија Добројевиќ е присутна на јавната сцена со години, малкумина знаат дека познатата старлета веќе има еден брак зад себе. Уште во 2010 година, таа го кажа судбоносното „да“ на згодниот Русин, Владимир Украинтски, во целосна тајност.

Станија успешно го криеше својот брак од јавноста, па дури и за време на учеството во реалното шоу „Фарма 1“ во 2011 година, тврдеше дека е само во емотивна врска, а вистината за бракот ја призна дури подоцна. Нејзиниот поранешен сопруг е економист по професија, а привлече внимание кога се фотографираше за престижното машко списание „Men’s Health“.

Нивната брачна идила траеше само две години, по што решија да се разделат, но изненадувачки ја продолжија деловната соработка. По разделбата, Владимир им ја откри на медиумите вистинската причина за нивниот развод, нагласувајќи дека „емоциите ги доведоа во брак“.

„Поминавме прекрасни моменти заедно, но таа сфати дека ѝ недостига животот во Србија и затоа реши да се врати“, изјави тогаш Русинот.
View this post on Instagram
Додека Станија денес повторно го привлекува вниманието на јавноста поради победата во реалното шоу „Задруга 9 Елита“ и соочувањето со нејзиниот поранешен вереник Асмин Дурџиќ, нејзиниот поранешен сопруг Владимир денес ужива во среќна врска со извесна Валентина Гуди.

Фото: Инстаграм/stanijadobrojevic/Printscreen/Vladimir Ukraintski







