Радио Милева Душата не умира,...

Сашенка, ќерката на Гоце Тодоровски се огласи на Фесјбук по смртта на актерот: „Не издржа бе татко, а невидена желба за живот…“

Сашенка, ќерката на Гоце Тодоровски се огласи на Фесјбук по смртта на актерот: „Не издржа бе татко, а невидена желба за живот…“

Сашенка, ќерката на легендарниот актер Гоце Тодоровски,  се огласи на својот фејсбук профил каде со емотивни зборови се прости од својот сакан татко, кој починал по долга борба со бројните здравствени проблеми.

„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина. Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест после голема борба. Го напушти овој свет, а ми вети… Срцето не издржа, престана да работи. Го реанимираа направија сè, престана да дише на кислород ставен, практично апаратурата го држеше.

Не издржа бе татко, а невидена желба за живот…

Лесна ти земја татко мој вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено. Сега летај со ангелите…

Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе – остана без една половина.

Иако пензионирани, не се помири и готово! Крај! Сега барем знам дека сте заедно, тандем на овој, па и на оној свет – напиша Сашенка Тодоровска, ќерката на актерот Гоце Тодоровски во својата објава на Фејсбук по веста за смртта на својот татко.

Фото: Фејсбук и Инстаграм/sasenka.todorovska

To top