Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ, која роди три сина, моментално е на одмор со семејството.
Ивановиќ вообичаено не објавува фотографии во костим за капење на својот Инстаграм профил, но сега направи преседан.
Ана позираше во минијатурно бикини на карпа, блиску до морето. Ивановиќ има тело достојно за медал, а комплиментите за нејзиниот изглед не изостанаа.
View this post on Instagram
„Убава и презгодна“, „Ана блеска“, „Секоја чест на телото“, беа само некои од нив.
Да потсетиме, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер од кога стапнаа на „лудиот камен“ живеат брачна идила, а круна на нивната љубов се нивните три деца. Двајцата почнаа да се забавуваат во 2014 година, а две години подоцна решија да се венчаат. Интересно е што кога се запознале Бастијан и Ана, тој наводно јасно и кажал дека има девојка.
фото: printscreen/instagram/anaivanovic