Гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“, пејачката Гоца Тржан мораше да избере помеѓу Милјана Кулиќ и Маја Николиќ, со оглед на тоа што некое време е и водителка.
Во рубриката „Јади или одговори“, Гоца зборуваше за нив две и откри кого од нив би сакала да покани во својата емисија.
– Маја Николиќ. Ќе имавме многу за разговор. Секогаш беше фина кон мене. Не за да влегувам во конфликт сега со неа, туку да ни каже нешто за себе – истакна пејачката.

Да ве потсетиме дека нејзиниот поранешен сопруг, Иван Маринковиќ, со кого ја има ќерката Лена, го доби синот Жељко со Милјана Кулиќ, моментална учесничка на Елита 9.
Иван и Милјана често се караат поради нивниот син, а се шпекулираше дека Лена, се откажала од својот татко, што сè уште не е потврдено.
фото:Printscreen Pink TV Ami G Show/ Zadruga



