Новите цени на горивата ја кренаа температурата кај граѓаните, кои бурно реагираат, ама најмногу коментираат на социјалните мрежи. Меѓу сите останати и некои од јавните личност не останаа имуни на новиот нафтен удар по џебот, па така актерот Владо Јовановски јавно изреагира на актуелната состојба со недостиг на гориво на бензинските пумпи, споделувајќи лично искуство од посета на пумпа на „Макпетрол“.
Денес отидов на бензинска пумпа на “Макпетрол”, за да ги напумпам гумите на моево возило и да наточам гориво /бензин/, од 1000 денари, на моево магаренце кое е’, скоро со ист датум родено со мене…
99′ година направено.
Плус, минус…
Зад мене некој бараше дизел…
Нема Бе… Беше одговорот…
А зошто нема?
Затоа што сакате поголем профит после 24.часот во понеделник или…?
Не треба само Владата на Р. Македонија да дава субвенции, како помош за граѓаните во вакви кризни состојби, треба и вие на кои ви се полни џебовите, да бидете општествено одговорни“.
На крајот од реакцијата, Јовановски кусо порача: „Срамота“!

Фото: Фејсбук/Vlado Jovanovski





