Дебелината е глобален проблем и нè погодува сите нас, ако не во блскиот круг, тогаш сигурно познавате некој што има проблем со килограмите и си го бара черето како да се доведе во ред или барем да почене од некаде.
Со овој проблем се соочуваше и младата поп- пејачка Антониа Гиговска која имаше повеќе од 80 килограми и изгледаше драстично поинаку од она што е денес.
Изминатите неколку години во медиумите редовно осамнуваат написи за тоа како ослабела Антониа, како изгледа, за едни поубава вака или онака, но заедничко за сите е дека девојката се преполови, па денес има неверојатни 47 килограми.
Во меѓувреме стана и мајка, се соочи со постпородилен период, но со нејзините принципи, односно оние на нејзиниот тренер за здраво тело и програмата за исхрана, Антониа за брзо се врати на старо, па за сите оние што редовно ја прашуваат за тоа како успеа и доколку се решени истрајно да тргнат на патот до целта и успехот, тогаш треба да ја најдат нејзината Клаудија.
Ако на едни им се допаѓа како изгледа, за други таа е преслаба… Сепак, Антониа си тера по свое и она што смета дека е правилно. Неодамна со сопуругот беа на Копаоник од каде прати фото поздрав од теретана каде позира во бикини, па оттука тргна со помислата дали е време да смени рутина за вежбање.
Имено, Антониа си постави прашалници дали да продолжи со тренинзите во теретана или да смени со пливање.
Одговорите најверојатно беа во приватна порака, а дали се разубедила во идејата со промените, остнува да видиме дали се почесто ќе ја гледаме во костим за капење. Едно е сигурно, за каков вид трениг и да се одлучи, нема да згреши сигурно.
фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa