Пејачката Милица Павловиќ проговори за врската на колегите Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ, но и потврди дека Џејла е заљубена!Милица и Џејла беа главна тема на еден концерт пред неколку дена, па јасно е дека се доста блиски.
Бидејќи јавноста не престанува да шушка за врската помеѓу Јаков и Џејла, новинарите сакаа да проверат какво мислење има токму Павловиќ за тоа. Новинарите ја сретнаа Милица на аеродромот, па ја прашаа дали за време на дружењето со помладата колешка дознала детали за врската со Јаков Јозиновиќ.
– Секогаш кога ќе ја сретнам Џејла, таа блеска, сјае… да, делува заљубено, но никогаш не сум ја прашала дали е и во кого е заљубена и што се случува. Вие знаете дека јас сум личност која го чува приватниот живот за себе, така што не прашувам такви работи, па сега ако ми кажат – ми кажат, но тоа го задржувам за себе – изјави Милица за „Телеграф.рс“.

Призна и дали посакува некој маж како оној од спотот за песната „Цака“:
– Повикувам да ми се случи сè тоа од текстот на песната „Цака“, тоа е убава женска фантазија, зошто да не… да, го прижелкувам господинот совршен, да е добар човек и духовит, а за останатото лесно ќе се договориме – рече Милица.

Да потсетиме, пријател на поранешното момче на Џејла Рамовиќ, Бојан Цвијетиќанин, жестоко ја нападна пејачката откако се дозна за нејзината врска со колегата Јаков Јозиновиќ.Поранешното момче на Џејла, инаку фронтмен на словенечкиот бенд „Џокер аут“, ги блокираше на социјалните мрежи својата поранешна девојка и нејзиниот сегашен партнер, а сега се огласи неговиот другар, инфлуенсер кој е познат под името „Непридиправ“.
Тој наведе дека Јаков и Бојан биле во добри односи, како и дека Јозиновиќ му ја „презел“ девојката зад грб.

„Оваа љубовна афера воопшто не ме изненади. Се дружиш со Бојан и скришум му ја преземаш девојката. Тоа е против сите кодекси. Одиш кај Бојан дома за да ти помага да правиш песни, а во меѓувреме му ја освојуваш девојката“, шокираше тој со своите зборови на Инстаграм стори.Во своите јавни осуди, тој не ја поштеди ниту младата пејачка поради нејзините постапки и начинот на кој ја завршила претходната врска.„Девојка која толку брзо преминува од една врска во друга, а притоа пролева крокодилски солзи, воопшто не е вредна за почит“, заклучи тој.
фото:instagram printscreen/jakov.jozinovic/senoritamilica/dzejlaramovic





