Ќерката на пејачот Жељко Шашиќ, Софија Шашиќ, позираше во бордо бикини, а нејзините бујни гради беа првото нешто што го привлече вниманието на нејзините следбеници.
Софија активно патува на луксузни дестинации, а бидејќи е лето, не го пропушта сончањето на приморјето и покрај базен, каде што се разладува од високите температури.

Таа сега објави серија нови фотографии во бикини, а сите следбеници на Инстаграм коментираат дека не се знае на која од објавите е посексапилна.
Шашиќ позираше во тесно бордо бикини и се фотографираше од повеќе агли.

Сите ги коментираа нејзините бујни гради и исончаниот тен со кој мамеше воздишки. Инаку, бидејќи многу се зборува за тоа како ќерката на Соња и Жељко живее на висока нога, таа неодамна откри дека не е таква туку дека само сака да си угодува себеси и да го купува она што ѝ се допаѓа.

– Не сум јас дрска, но сакам да трошам на себе кога можам да си го дозволам тоа што го сакам. Кога нешто ќе ми се допадне и кога ќе се зацртам на нешто, цената не ме интересира – изјави таа тогаш.
фото:/Instagram printscreen/sophiasasic





