Светот на поп и поп-електронската музика е затечен во неверување по веста дека британската пејачка Лорен Бенет, најпрепознатлива по вокалот во планетарниот хит од 2011 година „Party Rock Anthem“ на дуото LMFAO, ненадејно почина на возраст од 37 години.
Трагичната информација официјално ја потврдија членките на нејзината поранешна женска група G.R.L. преку емотивно соопштение на социјалните мрежи. Иако веста беше соопштена во јавноста во јули 2026 година, официјалните медицински извештаи во Англија откриваат дека Бенет всушност починала уште на 29 мај под сè уште неразјаснети околности.

Нејзините колешки од бендот G.R.L. – Наташа Слејтон, Емалин Естрада и Пола ван Опен – не ја криеја својата огромна тага:
„Нашите срца се скршени и не можеме ни да почнеме да опишуваме колку таа ни значеше. Засекогаш ќе ги негуваме љубовта, смеата и безбројните спомени што ни ги подари. Нејзиниот прекрасен дух допре толку многу животи.“Засега причините за прераната смрт на младата уметница не се јавно објавени, што дополнително предизвика бран шпекулации меѓу обожавателите, додека официјалната истрага е закажана за октомври.

Инаку, Лорен Бенет ја започна својата кариера уште како тинејџерка, појавувајќи се на британското шоу „Икс Фактор“, од каде што беше забележана од основачот на Pussycat Dolls, Робин Антин. Набрзо потоа, на 17-годишна возраст, се пресели во Лос Анџелес. тааа беше мајка на 6 годишна ќерка.
фото:Instagram printscreen/laurenbennett




