Сопственикот на Авалон продукција Бобан Милошески преку социјалната мржа Фејсбук ги откри деталите за испраќањето на македонскиот музичар Владо Јаневски во вечното почивалиште.
Милошески и се обрати на пошироката јавност и сите кои сакаат да се збогуваат со пејачот за последен пат, откако информациите ги добил од ужаленото семејство.

-Почитувани,
Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност.
Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот.
Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел.
Има нешто посилно од сѐ.
Авалон Продукција, напиша Бобан Милошески.

За потсетување, Владо Јаневски на 66 години по кусо боледување почина вчера 28.Јуни на една од скопските клиники.
фото:Facebook/Boban Avalon Miloseski/Instagram printscreen/vladojanevskiofficial





