Радио Милева доме сладок доме

Вака изгледа домот на Игор Џамбазов кој се градеше со душа на падините над Дојран (видео)

Вака изгледа домот на Игор Џамбазов кој се градеше со душа на падините над Дојран (видео)

Тој е добропознат како родољуб, човек кој и тоа како си ја сака татковината.

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов нема место каде не бил и не го видел од својата Македонија, ама едно посебно му се налепи на душа- неговиот Дојран каде веќе неколку години живее.

Веќе познато е дека од пред две години започна да гради и сопствена куќа, која многу наскоро ќе биде финализирана, а тој како што вели, супер ќе му дојде за пензионерски денови.

А она што наскоро од сон ќе стане реалност, преку видео момент го сними неговиот пријател Пере од Нокаут кој додека му беше на гости направи една снима од 2024-та година која сега ја пуштија по социјални мрежи, а куќата тогаш е карабина конструкција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Perevski (@perrenokaut)

-Снимено на почетокот на градбата во 2024 година, кај човекот од кого секоја средба станува лекција Игор Џамбазов,на падините над Дојран,каде што мирот и ветерот се спојуваат со езерото,започнува приказната за еден дом замислен со душа, поглед и време пред себе, појасни Пере од своја перспектива.

Еден ден пред да осамне оваа објава, Џамбазов успеа да не маѓепса со величествениот поглед од дневната во која наскоро ќе си ужива за сите пари.

-Уште малку, и ова ќе ми биде секојдневие.
Погледот од дневната е величествен.
Целото езеро на дланка…таман за пензионерските денови кои доаѓаат…
Ар ју хепи фор ми?- пишува газда Игор во описот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

А среќни за неговото ново гнездо, преку коментари на Инстаграм имаше доста, кои покрај потврдата посакаа да ја видат реализацијата во целост, а тоа сигурно ќе го видиме набрзо…

Нека е аирлија!

фото:Instagram prinstcreen/igordzambazov

To top