Ријалити ѕвездата и победничка на „Задруга 2“, Луна Ѓогани, ја разгоре имагинацијата на своите следбеници на Инстаграм со нови, жешки фотографии во костим за капење.

Луна Ѓогани моментално ужива во топлите летни денови покрај базенот, а со својата брутална фигура докажа дека изгледа подобро од кога било досега.

На фотографијата ја гледаме на лежалка како прави селфи одблизу, додека нејзините бујни силикони во шарено цветно бикини едвај се држи на место. Дека ја довела својата фигура до апсолутна совршеност потврдуваат фотографиите каде што позира во полн сјај пред огледалото, нагласувајќи го својот рамен стомак, тесниот струк и обликуваните нозе.

Комплименти за нејзиниот изглед веднаш почнаа да пристигнуваат од сите страни, а обожавателите ѝ велеа дека е вистинска бомба и дека буквално изгледа како авион.

Да потсетиме дека Луна Ѓогани денес е успешна водителка и јутјуберка.
фото: printscreen/instgaram/luna_djogani





