Познатиот брачен пар Сара Мејс и Димитар Атанасовски минатиот месец ја славеа 10 годишнината од нивната љубовна приказна.
Тие двајцата сега повторно се во центарот на вниманието но, овој пат во поинаков контекст.
Имено, македонскиот водител и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски изразил желба да ја посети неговата сопруга во студиото каде што вежба на нејзиниот базичен инструмент, харфата.
Тој го извадил мобилниот и почнал да ја снима додека таа свирела но, Сара го забележала и инсистирала да престане да го прави тоа.
Димитар од сцената што ја видел се подзамислил и дошол до интересен заклучок кој на Сара очигледно не и се допаднал.
Сепак тој, видеото го сподели на социјалната мрежа Инстаграм и со големи букви напиша:
„Учи дете за да не работиш“, а подолу додаде дека 20 години подоцна, единствено што му паѓа на памет е карактерот на Ерик Картмен, како изговара дека сепак „тоа е тоа“.
Харфистката не остана покуса и му напиша еден подолг текст со кој му се „закани“ на својот сопруг дека ќе му врати за непријатноста што и ја предизвика.
„Ццц, ја ти влагам вака на работа Димитре? Очекувај ме наредна недела со клоца да ви отворам врата и да влезам со се камери во канцеларија“.
Сара беше повеќе од искрена, а како ќе се одвива ова брачно сценарио останува будно да следиме, бидејќи кратките приказни на социјалните мрежи кај нив двајца се секогаш подолги и целосно исполнети со интересни моменти кои несебично ги споделуваат со следбениците.
фото: printskrin/instagram/sarahmace__/dimitaratanasovski_