Лепа Брена ја прекина соработката со својот бенд минатата година по 16 години и објави нов состав со кој ќе настапува. Таа нагласи дека раскинувањето било во пријателска атмосфера и е дел од промените потребни за нови успеси.

Музичката ѕвезда Лепа Брена ја започна својата кариера со бендот „Слатки грех“, а по нивното распаѓање, си најде нов бенд. Сепак, неодамна се збогува и со нив.
– Сите знаете дека ја започнав кариерата со “Слатки Грех“, а потоа, по девет години фантастична соработка, беше време за промена. Па сега е време да се збогувам со бендот со кој работев 16 години. Понекогаш, новите визии и успеси бараат промена – објасни Брена минатата година.

– Морам да нагласам дека се разделивме во убава атмосфера. Едноставно, дојде време за промени и во мојата и во нивната кариера. Новиот бенд е подготвен за претстојните настапи и концерти и со нетрпение очекувам наскоро да ви покажам на сите што работевме – додаде пејачката тогаш.
– Нѐ очекуваат големи работи, како што мојата публика е навикната од мене – заклучи Брена за „GrandOnline“.

Инаку, Лепа Брена постигна незамислив успех во стара Југославија, а покрај музичката сцена, таа остави свој белег и во филмот преку делата: „Нема проблема“, „Тена кожа“ и „Хајде да се волимо“. Особено внимание привлече сцената од првиот дел од филмот кога скокна од мост.
Foto: print screen/Instagram/lepabrena.blog






