Откако најпрвин самата сподели видео и фотографии на својот Инстаграм, а ние објавивме дека изминатиов викенд македонскат пејачка Марија Луиса Тодоровска доживеала тешка сообраќајна несреќа, во која за среќа има само полесно повредени, но автомобилот е прилично уништен, веднаш се обидовме да ја побараме.
Во прв момент пејачката не одговори на нашите пораки, а ние ја објавивме веста за сообраќајната несреќа во која според објавеното на нејзиниот Инстаграм профил навидум се’ наликуваше дека во незгодата учествувала и таа самата.
Во меѓувреме успеавме да ја исконтактираме Марија Луиса Тодоровска која штом се разбуди веднаш одговори на нашиот повик и од прва рака раскажа што се случило.
„Одевме за Гевгелија… Требаше да пејам на ергенска вечер и само што ме остави назад на враќање пред гевгелиската патарина некој Голф 5-ка нагло закочил пред неа и се вкопал во место. За да го избегне и не удри во него не знаејќи дали има деца во автомобилот, Тамара нагло завртела, но не успеала да закочи до крај и завршила во банкината“ – изјави Марија Луиса, која порача дека нејзината другарка е добро и се опоравува од шокот и траумата.
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska