Мегафон фестивалска најава

„Фолк Фест Валандово 2026“ подготвен да стартува во ново руво

„Фолк Фест Валандово 2026“ подготвен да стартува во ново руво

Во петокот, 08 мај 2026 во Скопје, во просториите на познатата Порта „Македонија“, на ПРЕСС конференција официјално беше најавено 39-тото издание на „Фолк Фест Валандово“, фестивал кој речиси четири децении претставува симбол на македонската новосоздадена народна песна. Новата фестивалска приказна ќе се одвива на 26 и 27 мај во градот на калинките Валандово.

Со новиот градоначалник на Валандово, Ѓоко Камчев кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, фестивалот добива и нов организациски тим.

За уметнички директор назначен е Илчо Јованов, извршен директор Горјан Стојановски, додека функцијата технички директор Ѓоко Павлов. Новата водителска двојка која ќе ја води програмата се добро познатите Ели Танасковска и Зоран Ѓорѓиев. Организаторот Општина Валандово, најави две фестивалски вечери исполнети со македонска музика.

На 26 мај, на градскиот плоштад во Валандово, ќе се одржи првата предфестивалска вечер посветена на најголемите валандовски хитови и песните кои оставиле траен белег во македонската музика. Публиката ќе има можност повторно да ги слушне безвременските композиции во изведба на Блага ПетрескаЕлена ВелескаКате и СонатаКристијан Кико БолероМишко Крстевски и Марјан Коцев, додека специјален мини концерт ќе одржи Влатко Младиновски. Во рамките на оваа вечер, легендарната Блага Петреска ќе добие и специјално признание за животно дело, како благодарност за нејзиниот огромен придонес во македонската народна музика. Првата фестивалска вечер ќе биде емитувана преку снимка на Македонската радио телевизија, овозможувајќи атмосферата од Валандово да стигне до гледачите низ Македонија и дијаспората.

Главната фестивалска вечер ќе се одржи на 27 мај во добро познатата фестивалска сала „Јанко Узунов“, со директен пренос на МРТ. Тогаш ќе бидат претставени 20-те нови композиции, од кои дел сигурно ќе прераснат во идни хитови на македонската естрадна фолк сцена.

To top