Радио Милева Штркот слета кај македонската „Гранд ѕвезда“

Александар Јосифовски за прв пат стана татко: Неговата партнерка Ана на свет ја донесе ќеркичката Алексеја

Александар Јосифовски  за прв пат стана татко: Неговата партнерка Ана на свет ја донесе ќеркичката Алексеја

Охриѓанецот Александар Јосифовски кој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“,  сподели дека станал татко за првпат. Пејачот среќната вест ја сподели на својот профил на социјалните мрежи.

Тој објави фотографија од болницата, а на истата во креветот од породилиштето се гледа и неговата убава партнерка Ана Павиќ, која неодамна ја претстави кога јавно обзнанија дека чекаат принова.

„Не ми се мери среќата. Ти благодарам што беше храбра и успешно ја донесе на свет нашата Алексеја. Да ни е здрава и жива ќеркичката наша“ – напишал Јосифовски во описот на оваа фотографија.

 

Сега приновата дојде на свет, женско дете кое го доби името Алексеја, а среќната двојка полот на бебето го наговести уште за време  на бременоста на партнерката на рокерот.

Пејачот вечерта имаше редовен настап со својот придружен бенд во еден познат белградски локал, а гитаристот на групата не ја пропушти можноста и јавнно да ја соопшти радосната вест пред присутните дека Александар станал татко и да наздрави во тоа име со гостите.

Покрај изведбата блиските пријатели на пејачот во еден момент не заборавија да го изведат и познатиот ритуал, на среќниот татко да му ја искинат маицата за негова среќа и среќа на приновата и семејството, при што му подарија и златен крст!

 

Фото и видео: Инстаграм/alexandarjosifovski

 

To top