Една позната скопска туристичка агенција овој период последниве неколку години воспостави непишано правило како по традиција дел од познатите македонски личности да ги води на гратис екскурзија. Патувањата најчесто се некаде на турското крајбрежје, па така годинава изборот падна на Кемер, Анталија. Екипата познати и популарни фаци составена од македонската естрада, ТВ лица, водителки, новинар(к)и… Изборот правен по лилчен вкус, ама затоа пак вкусот погоден кога е убавината во прашање.
Меѓу сите нив и четири познати македонски убавици. Вера Мештеровиќ, Лара Иванова, теа Трајковска и Ивана Јанковска се повеќе од атрактивни дами, кои зрачат со својот сексапил и телесен раскош, кој е евидентен на уште на прв поглед. Освен тоа, секоја во својата бранша доволно попопуларна и позната. Она што го знаат и умеат од своите професионални вештини, публиката секојдневно го слуша и гледа или во емисиите и ТВ порограмите или на радио, во видеоспотовите, на настапите…!
Но, овде беа дојдени убаво да си поминат, па меѓу сите удобства и уживање, на ред дојде и една необична понуда која не се одбива… Јавањето коњи!

Вера Мештеровиќ со оглед на возраста како најискусна, најпрвин се дружеше за да се запознае со своите нови пријателчиња од ергелата, а потоа онака сигурно, како искусен женски џокеј го јавна својот расен пастув. Задоволната насмевка и на коњот и на водителката – евидентна од фотографијата!

Лара Иванова во старт подготвена џокејска авантура. Секси „жешки тексас шорцеви“ и каубојски чизми за имиџ соодветен за „уживање во седло“!

Кусото запознавање и нежниот допир со раката по муцката на својот љубимец очигледно не беше доволен. Расниот пастув, за жал веројатно премногу изморен можеби од претходниот кас со водителката од Канал 5 , со исплазен јазик не можеше да и удоволи на младата пејачка со уште една прошетка.

Затоа алтернацијата и тоа како силна и подготвена да ја прифати Лара Иванова да му се качи во седлото на шарениот „бушав“ коњ и со него да парадира.

Теа Трајковска отиде дури и чекор подалку од своите колешки, па дружбата со белиот љубимец ја овековечи со заедничко селфи.

А на фотографијата и обајцата во иста поза и Теа и коњот со напучени усни.

Но главната возбуда дојде дури потоа… Откако Теа го јавна својот бел ат, чии узди цврсто ги држеше, додека нејзината фото камера од птичја перспектива бележеше како потскокнува нејзиниот распослан сексапил во седло!
„Ѕвездената“ ТВ водителка Ивана Јанковска исто така ја покажа својата несомнена јавачка вештина.

Сигурна, насмеана, додека нејзиниот коњ елегантно чекори во мирен кас, таа со смирен глас објаснува колку и е убаво… Како цел живот да јавала!

Ивана онака озарена и препуштена на уживањето потскокнува во седлото, додека нешто друго слободно потскокнува во деколтето.
Како и да е, четирите познати македонски убавици се подготвени за коњаница… „Естрадно-водителска ергела“ на патувањето ја покажа умешноста на јавањето!
Фото и видео: Инстаграм/_lara.iv_/jankovska__i/theatrajkovska/veramesterovic



