Откако му дозволија одново да биде „слободен човек“, Боки 13 е пуштен на најсилно! „Гази“ со своите лајв вклучувања, предизвикува скандали како на пример оној со градите на Гавазова, се кара со конкуренцијата и старите пријатели како Лазаров на пример, па експресно одново се смирува како со Ритко… Кој да му ги пофаќа сите „заврзлами и хирови“!

Најново со што ја изненади јавноста, особено онаа подобро упатената, зашто овие помладите можеби не памтат толку оддамна, е дека Боки 13 и еминентниот, но и добро познат во регионот македонски композитор и музички продуцент Дарко Димитров, одново се „во љубов“! Во нивните односи и релации одново владее хармонија. И тоа и пријателска и музичка!

Имено, Боки 13 се пофали на социјалните мрежи дека снима нова песна, една или повеќе во студиото „Димитрови“ кај Дарко! Информацијата ја поткрепи со заедничка фотографија на која се сликани и двајцата во присуиство на уште еден трет лик, Давор од естрадниот клан на браќата Аџиќ, за кој нашиот човек вели дека е токму тој „виновникот“ што ја направил повторно спојката, за Јовановски и Димитров по цели две децении, одново да ги хармонизираат односите.


„Од 20 години инает до еден ден магија… Јас и Дарко – од караница до хит! Следно поглавје: Историја!
Со Дарко не зборувавме 20 години и денеска благодарение на Давор Аџиќ сме нов тим кој ќе победува. Ви најавуваме брутални нови песни, наскоро премиера…“ – отоврено признал Боки, во описот на заедничката фотографија споделена на неговиот Инстаграм.
Арно ама, оние што не се со кратко памтење, а се со широко отворени очи, добро знаат дека Боки 13 и Дарко Димитров иaко сега се „во љубов“, тие токму заради наводна љубов, 20 години меѓусебе не збореа! И не само што не правеа муабет, туку и се тужеа на суд! И тоа заради една искажана реченица!

Имено, Боки 13 тогаш како еден од претендентите Македонија да ја преставува на Евровизија, откако не успеа тој сон да си го оствари, а наместо него тоа го стори пејачката Елена Ристеска, изреволтираниот Јовановски решил „да пропее“ и вербално. Па во јавноста изнесе дека тогаш Дарко Димитров и Елена Ристеска се во наводна тајна љубовна врска, за што овие двајцата преку своите адвокати „му залепија“ судска тужба.

Се редеа рочишта, процесот траеше со години, наводно оштетените му бараа отштета во „брдо пари“, а јавноста барем не официјално, никогаш не дозна како оваа приказна се заврши?! Со пресуда, платена парична казна и стишана фама што ја бараа тужителите или со „чоколадна банана“, што ја нудеше тужениот?!
Колку за потсетување, еве едно од сочуваните интервјуа, односно изјави на Боки, во ко јги раскажува мотивите за своите тврдења и како течеа тогаш настаните:




„Секогаш стојам позади она што ќе го кажам и поради тоа ги сносам последиците од изреченото. Тужен сум од страна на Елена и Дарко за вистина и по толку поминати години уште стојам на тоа дека тие двајца беа во тајна љубовна врска. Но, да ви кажам една работа искрено, мене буквално ме заболе уво со кого тие имале каков било љубовен или сексуален однос. Ме изиритира нивното лицимерие и лигавост во тоа време. Поради нив не отидов на Евровизија и изреволтиран решив пред јавноста да ги откријам нивните вистински лица. Во спротивно, никогаш не би биле предмет на мој интерес или пак тема на муабет што би го правел, бидејќи тие за мене и двајцата во пакет се обични вагинални ликови”, вели Боки.
Судската сага трае веќе 4 години, а секое следно рочиште се оддложува поради непојавувањето на пејачката пред органите.
„Точно е дека судските рочишта одземаат време и пари, но оваа работа нема да ја прекинам и со последниот атом сила кој го имам ќе се борам се додека не ми се извинат. И двајцата се свесни дека целата македонска јавност знаеше за нивните меѓусебни односи и дека тоа беше јавна тајна која никој немаше храброст да ја каже во лице, а јас за истата бев тужен и се додека тоа не се реши во моја полза, тензијата нема да престане. Од мене бараат пари, а не се свесни дека можат да добијат само чоколадна банана” – тврдеше тогаш Боки 13-ка!

Денес, по две денцении, очигледно нештата се баеги променети. Вистина или љубовен мит, од судница во студио, од кавга до хит!

Фото: Инстаграм/elenaristeska_era/darkodimitrov/boki13official/zase.mk-принтскрин



