Радио Милева посебна честитка

Каролина крена чаша горе за 46-ка, а Дадар роденденски и го подари најемотивното…

Каролина крена чаша горе за 46-ка, а Дадар роденденски и го подари најемотивното…

Македонското девојче или поп – принцеза како што многумина ја нарекуваат години наназад, вчера (28-ми Април), крена чаша горе од здравицата за својот 46-ти роденден.

Каролина Гочева за година постара, ама тоа како да  воопшто не се забележува… за пејачката како времето да запрело, па за нејзината убавина се’ си останало исто, само бројчаникот врти и не потсетува до каде е.

Дека токму така и се чувствува, оносно како 20 години помлада или вистински како да има 26 напиша и од својата роденденска објава каде на сите им заблагодари за честитките.

А такви ги имаше многу, но онаа од нејзиниот стилист за шминка и долгогодишен пријател Дадар се издвои меѓу сите.

Тој ги избра најдрагите фотограии низ годините од нивната соработка и пријателство и и ‘ порача:

-Среќен роденден на македонското девојче со магична насмевка што освојува без зборови…. Голем другар, искрена до коска, внимателна на секој детаљ – ретка комбинација што те прави толку посебна и обожавана од сите. Горд сум што сум дел од твојата приказна сите овие години – не само како твој шминкер, туку како некој што те знае вистински. Нашите моменти, слики и спомени се доказ за едно убаво патување што сѐ уште трае. Ти посакувам уште повеќе светлина, љубов, успех и моменти што ќе ти го полнат срцето како што ти ги полниш нашите. Секогаш твој! – напиша Дадар во својата емотивна роденденска честитка.

Каролина на ова не може да остане само со благодарам, па му врати:

-Ооох какви слики, какви спомени… Фала ти Дацо мој најсакан, гласеше нејзината реакција.

Среќен роденден и од нас за уште многу такви!

фото: Instagram printscreen/dadar.alex/karolinagocheva

To top