Најшетаната велешанка, а многу веројатно и најшетана позната Македонка, екс пејачката Нона Неделковска покрај своите морско-океански патешествија со работата на прекуокеанските крузери, е познатаи како голем љубител на домашни миленици. Во нејзината куќа отсекогаш имало куче, маче, папагал… што ли веќе!?

Така е и ден денес кога во домот на Неделковски заедно со семејството живеат двете четвороножни миленичиња – кучката Луси и мачорот Бошко. Двете бели како снег, палави како ветер, ама како и таа самата… слатки како мед.

Секогаш кога не е некаде и не плови по светските мориња и океани, Ноне во родниот Велес им посветува огромно внимание на своите миленици. Луси е онаа со која се шета во природа, по паркови и зеленила, ја носи на излет крај езеро или на планина…

А Бошко „маче машко“ е всушност мачориште за играње по дома, во дворот… Особено кога е времето убаво како ова сегашново, пролетно.

Арно ама не секогаш на Бошко му е до играње, особено не кога на топлото сонце ќе задреме во дворот. Тогаш легнат на грб, му мрда само опашот… Всушност, опашот најмногу „му мрда“ ноќе кога ги заведува што комшиските, што уличните мачки, ама тоа е друга тема на муабет.

Овој пат онака испружен и задреман, Ноне која е моментално дома, на пауза меѓу две морски авантури, тргна да го задева, со прашање дали ужива?
„Боше? Дебел? За тебе е животот“ – почна да му дофрла и задева, Ноне на мачорот.

На првиот допир Боше, како што нагалено го вика, и не изреагира кој знае како, ама веќе на втора… За малку обидот на Ноне за закачка, ќе завршеш како ноќна мора!

Затоа друг пат не го задевај „лавот“ додека дреме, оти може „ѓавол да те земе“. Ноне го ‘рчкаше мачорот во дворот, па за малку што не заврши во мачји хорор!
Фото и видео: Инстаграм/nona.nedelkovska






