Промотер

Таско и Теа ќе ви откријат, кој по кого лудува и кој за кого е подготвен на триста чуда во – „Луда“(ВИДЕО)

Таско и Теа ќе ви откријат, кој по кого лудува и кој за кого е подготвен на триста чуда во – „Луда“(ВИДЕО)

Летото уште календарски не пристигнало, а веќе  добива своја лепезџа од македонски летни хитови кои ќе ја обележат оваа „бикини сезона“, меѓу кои „Луда“ е несомнено еден од нив.

Имено, новата музичка колаборација на траперот Христијан Тасковски – Таско и поп пејачката Теа Трајковска носи мелодична медитеранска свежина, танцов ритам и заразна енергија која провејува од самиот старт на песната која по кусото инструментално интро, веднаш  започнува со певливиот рефрен.

Зад музиката стојат Таско, Теа и Лазар Цветковски, кој воедно го потпишува и аранжманот, битот, миксот и мастерингот. Резултатот е модерен урбан, а сепак вепвливпотенцијален хит што лесно влегува во уво и уште полесно заразно се повторува и памти.

Песната е промовирана на YouTube заедно со видеоспот кој е снимен во македонскиот езерски бисер Охрид, каде во прв план доаѓа и визуелната приказна полна со топли бои што ги нудат сите волшебства на магичниот туристички центар.

Летна атмосфера и модерни стилски изданија на артистите кои и тоа како не поминуваат незабележано.

Видеото е во режија и постпродукција на Никола Наумовски, кој одново покажува истенчен сенс  за динамика и визуелна естетика.

„Луда“ е песна, која во себе носи љубовен летен вајб. Таско доследен на својот препознатлив трап стил – директен и харизматичен, додека Теа внесува вокална мелодија и емоција што дава баланс на целата приказна.

А, приказната позната, но секогаш актуелна – привлечност, игра на погледи и онаа тенка линија помеѓу страст и емоција. Сето тоа спакувано во лесен, комерцијален радио-формат.

Со „Луда“, Таско и Теа јасно покажуваат дека кога ќе се спојат различни музички енергии и стилски измиксаат, резултатот може да биде нешто, што навистина е музички заразно… За на repeat ова лето.

To top