Пејачката Милица Тодоровиќ јавно ѝ го честиташе роденденот на својата мајка, споделувајќи емотивни фотографии од родниот Крушевац.
По породувањето, откако на свет го донесе синот Богдан, пејачката има уште една причина за славење, па во нејзиниот дом владее празнична атмосфера и позитивна енергија.
На фотографиите кои ги објави на Инстаграм, нејзината мајка седи во пријатен амбиент, насмеана и расположена, со чаша пијалак во раката, подготвена за прослава.
„Мајчице, среќен роденден“, напиша Милица покрај фотографијата, додека нејзината мајка наздравуваше со насмевка на лицето.

Во продолжение од објавата, пејачката уште еднаш покажа колку ѝ значи семејството, споделувајќи топли моменти од домот во кој пораснала.
Да потсетиме дека Милица Тодоровиќ се најде во центарот на настаните откако сопругата на таткото на нејзиниот син Богдан излезе во јавноста, откривајќи дека сè уште е во брак со човекот со кого Тодоровиќ доби син.
Foto: Printscreen/Instagram/milicatodorovicofficial






