Марина Матијевиќ, водителка на играта на среќа „Лото“ и временска прогноза на ТВ „Прва“, неодамна роди девојче.
Иако успешно ја криеше бременоста од очите на јавноста, таа ја сподели среќната вест со своите следбеници, а сега ја објави и првата фотографија со малата Софија директно од породилното одделение.

Марина Матијевиќ, која пред две години ја роди својата прва ќерка Теодора, ја изненади локалната јавност кога беше откриено дека станала мајка по втор пат.
Во текот на целиот период од бременоста, водителката не објавуваше фотографии со своето трудничко стомаче на социјалните мрежи, па затоа успеа да ја заштити својата приватност колку што е можно повеќе од јавноста.

За раѓањето на втората ќерка мајката објави преку својот Инстаграм профил.
фото:Instagram printscreen/ marina_matijevic_







