Синоќа доцна (12.Март) осамна веста дека на Еквадор починал познатиот актер Кирил Поп Христов.
Македонската јавност утрово со тага и неверување ја дочека тажната вест.

Сопругата на големиот уметник и актерска легенда јавно ја потврди смртта на сопругот, збогувајќи се преку неколку заеднички фотографии со него и со ќерките.

Со зборови беше куса во јавното збогување, само напиша:
– Ни отиде. Те сакаме – означувајќи ги ќерките Јоана и Нина.

Гордана за ВИКИМЕДИА ја откри причината за смртта:
„Имаше инфаркт, навечер во сон, вели таа и додава дека нејзиниот сопруг ќе почива во Мангларалто, покрај океанот.
За потсетување, откако во 2014 година заминаа во Еквадор, Гордана и Јоана се немаат вратено во Македонија, додека Кили неколкупати доаѓаше и пак заминуваше во Еквадор.

Таму им се омажи и ќерката Јоана, а добија и внук.

фото:facebook/ Kiril Pop-Hristov/Gordana Dean Pophristova/ You tube printscreen/Kazi ako smees




