Пејачката Теодора Џехверовиќ на својот профил на Инстаграм сподели фотографии од одморот во провокативна модна комбинација, на кои е тешко да се одолее.
Теодора повторно привлече внимание на социјалните мрежи, а овојпат во центарот на вниманието беше нејзиното издание за на плажа.
Пејачката позираше во црвено-бикини со бели детали и интересни шари, кое го надополни со кратко здолниште во истиот дезен и шапка на пруги. Горниот дел од костимот за капење го истакна деколтето, додека минијатурното здолниште го надополни нејзиниот летен стајлинг.

Темните очила за сонце и долгата, пуштена коса го заокружија нејзиниот изглед. Теодора сподели неколку фотографии на Инстаграм, позирајќи од различни агли и прикажувајќи ги деталите од својата модна комбинација. Посебно внимание привлече и тетоважата на горниот дел од бутот, која се гледаше под краткото здолниште.
На една ги фотографираше само стапалата со што на љубителите на кои им се фетиш дефинитивно ќе им се допадне.

Со фотографиите додаде емотикони од цвет, палма и сонце, со што целата објава доби вистинска летна атмосфера.
foto: printscreen/instagram/teodoradzehverovic







