Живот и стил

Денес готвиме: Мек колач со тиква, цимет и крем од сирење – есенски десерт што се подготвува во еден сад

Денес готвиме: Мек колач со тиква, цимет и крем од сирење – есенски десерт што се подготвува во еден сад

Состојки
За колачот:

245 г пире од тиква
2 јајца на собна температура
75 г кокосов шеќер
75 г мед
150 г јогурт
1 лажичка екстракт од ванила
55 г кокосово масло, растопено и изладено
165 г бадемово брашно
90 г овесно брашно
1 и пол лажичка цимет
Половина лажичка мелено морско оревче
Половина лажичка мелен ѓумбир
Половина лажичка мелено каранфилче
1 лажичка сода бикарбона
Четвртина лажичка сол

За кремастиот прелив:
115 г крем-сирење на собна температура
60 г путер на собна температура
90 г шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
Четвртина лажичка цимет
2–3 лажички млеко, по потреба
За декорација:
Цимет по желба
Во поголем сад измешајте ги пирето од тиква, јајцата, кокосовиот шеќер, медот, јогуртот и екстрактот од ванила. Матете со жица додека состојките добро не се соединат. Потоа додајте го растопеното и изладено кокосово масло и повторно промешајте.

Во истата смеса додајте ги бадемовото и овесното брашно, циметот, морското оревче, ѓумбирот, каранфилчето, содата бикарбона и солта. Нежно мешајте со дрвена лажица додека не добиете изедначена смеса без видливи траги од брашно. Внимавајте да не мешате предолго.

Истурете ја смесата во подготвениот калап и израмнете ја површината. Печете во загреаната рерна од 30 до 40 минути, односно додека чепкалка забодена во средината на колачот не излезе чиста или со само неколку трошки.

Извадете го колачот од рерната и оставете го целосно да се излади пред да го нанесете кремастиот прелив.

Рерната загрејте ја на 175 степени. Квадратен калап со димензии 20 × 20 сантиметри обложете го со хартија за печење и лесно премачкајте го со масло.

фото:Magnific

To top