Извесен маж ненадејно му пришол на познатиот актер Стив Бушеми (66) и го нападнал. Напаѓачот сè уште е во бегство. Инцидентот се опишува како уште еден случаен напад на улиците на Големото јаболко.
Актерот Стив Бушеми, кој е роден во Бруклин, е префрлен во болница. Тој се здобил со модринки, отоци на лицето и крвавење на левото око. Бил удрен со тупаница по лицето.
„Стив Бушеми е нападнат во центарот на Менхетен, уште една жртва на случаен чин на насилство“, изјавил неговиот ПР, додавајќи: „Тој е сега добро и ги цени пораките за поддршка, иако е неверојатно тажен поради сè што се случи додека шетаа низ улиците на Њујорк (Бушеми и неговата партнерка)“.
View this post on Instagram
Работник кој бил во близина кога се случил нападот за „New York Post“ изјавил: „Видов дека беше со жена, а потоа низ прозорецот здогледав како се сопна и падна наназад. Веднаш стана и истрча во спротивна насока. Не видов кој го удри“.
Полицијата објавила фотографија од надзорната камера на која се гледа наводниот напаѓач, пишува „Daily Mail“.
Актерот пораснал во Њујорк и бил пожарникар во Бруклин пред во 1980-тите да даде отказ за да продолжи да се занимава со актерската кариера. Тој севратил во својот стар пожарникарски дом неколку часа по нападите на 11 септември и останал на локацијата на Светскиот трговски центар со денови, учествувајќи во спасувачките акции.
Наградуваниот актер има кариера од 4 децении, а најпознат е по улогите во HBO серијата „Boardwalk Empire“ и филмовите како „Fargo“ i „Reservoir Dogs“.
View this post on Instagram
Во 2002 година, додека работел на филмот „Domestic Disturbance“ во Вилмингтон, тој бил жртва на уште еден брутален напад.
Актерот се вклучил во тепачка во бар откако двајца локални мажи се степале со неговиот колега Винс Вон и сценаристот Скот Розенберг. Бил прободен повеќепати, над окото, во вилицата, грлото и раката. Му била укажана помош во локалната итна помош и бил пуштен дома.
„Ситуацијата можеше да биде опасна по живот“, изјавил извор за „Entertainment Weekly“. Актерот подоцна имал пластична операција поради повредите.
фото:Instagram printscreen/ stevebuscemilove