Радио Милева има отежнувачка околност за постапката

Адвокатот на Кајмакоски по киднапирањето со нов исказ пред медиумите: Немил настан кој остави потешки последици за неговото семејство

Адвокатот на Кајмакоски по киднапирањето со нов исказ пред медиумите: Немил настан кој остави потешки последици за неговото семејство

Пејачот Даниел Кајмакоски беше киднапиран во Белград во февруари, за што информираа сите медиуми од регионот. Во изјава која ја даде сопругата на пејачот, Марина, таа откри дека Даниел е под голем стрес.

Српските медиуми сега разговарале со адвокатот Бранислав Станишиќ.

-Како асистент и пријател на Данијел Кајмакоски, можам да ве информирам дека до овој момент нема конкретни резултати во врска со лишувањето од слобода на осомничените за кривичното дело киднапирање. Се надеваме дека полицијата ќе успее да ги реализира сите потребни активности за да ги изведе осомничените пред лицето на правдата и за да може кривичната постапка да започне што е можно поскоро, рече Бранислав.

-Приближно сме запознаени со фактите со кои располага полицијата, што би можело да придонесе за пронаоѓање и идентификација на сторителите. Отежнувачката околност е што, според досегашните сознанија, најверојатно станува збор за лица кои не се државјани на Република Србија и кои случајно се нашле на нејзина територија. Големо прашање е дали тие влегле во Република Србија во согласност со законот, или дали се нашле тука нелегално, како мигранти, дополнува адвокатот.

Психичката состојба на Даниел Кајмакоски моментално е стабилна. Тој ги извршува сите претходно договорени настапи и ги исполнува професионалните обврски. Сепак, овој настан остави многу потешки последици за неговото семејство.

Го врзале со селотејп

-Киднаперите го врзале Даниел со селотејп и, заканувајќи му се со пиштол и нож, го принудиле да влезе во нивното возило, кое потоа го возеле во правец на Рума. Во тој момент полицијата се обидела да изврши редовна контрола на возилото. Бегајќи од полицијата, осомничените продолжиле кон Рума со голема брзина, но поради магла и непознавање на теренот, удриле во банкина на излезот од кружниот тек. Возилото претрпело голема штета и не можело да се движи понатаму. Од страв од полицијата, која ги забележала, осомничените го напуштиле автомобилот и избегале. Полицијата потоа го пронашла Даниел врзан на задното седиште, по што сè се случило како што е веќе познато на јавноста.

-Во овој момент не можеме да шпекулираме кој би можел да стои зад ова кривично дело, ниту кои се нивните мотиви. Факт е дека неодамна имаше неколку инциденти насочени кон јавни личности од забавната индустрија, но не би шпекулирале за можните причини и принципи. Очекуваме дека, по лишувањето од слобода на осомничените, мотивите ќе бидат попрецизно утврдени, како и дали евентуално имало нарачател, велаи адвокатот.

„Никому не должел“

Даниел е исклучителен уметник и човек, кој никогаш никому не должел ништо, ниту имал никаква врска со нелегални активности. Тој и неговото семејство живеат од својата чесна работа. Неговата безбедност моментално е на високо ниво и преземени се сите мерки за да се спречи повторување на таков настан.

-Кога ќе имаме нови информации или ќе има значајни случувања во истрагата, со согласност на Даниел Кајмакоски, навремено ќе ја информираме јавноста. Се надеваме дека никој од шоу бизнисот никогаш нема да се најде во истата ситуација која Даниел ја преживеа,  заклучи адвокатот Бранислав Станишиќ за српските медиуми.

фото:Instagram printscreen/daniel_kajmakoski

To top