Маркетинг експертката Сања Ристиќ или на Инстаграм попозната како Сањалала, а во јавноста и како девојката на Перо Антиќ, според интензитетот колку ја има на социјалните мрежи, Сања станува, односно е една од највлијателните македонски инфлуенсерки.
Бидејќи маркетингот е нејзина силна страна, Сања Ристиќ многу добро знае како се’ тоа да спои и изведе до крајниот посакуван и добитен резултат.

Професионално секогаш добитно, ама исто толку ефектно и кога ќе објави нешто од приватноста кое неминовно го привлекува вниманието кај јавноста со иста мера.
Овој пат таа со повод ја рскажа својата мајчинска приказна број два од раѓањето на нејзиното второ синче Део кое го прослави 7-от роденден.

Велет дека мајките го слават својот втор роденден кога го родиле своето чедо,а Сања искуството односно својата мајчинска приказна од пред седум години ја раскажа вака:

-На овој ден пред точно седум години , баш во овие рани часови, со неиздржливи болки до Бога и назад, се инаетеше да излезе најслаткото бебенце на светот. Денес детенце во уникатно мозоче, љубител на креативни идеи, животни, музика и многу прегратки. Детенце од кое навистина учам што е љубов и како да ја шириме, што е посветеност и големината на тоа што значи да сме добри души, напиша мама Сања за својот наследник, славеникот Део.

Инаку, Сања е мајка на два сина, покрај Део го има и поголемиот Иан.
Среќен роденден!
фото: Instagram printscreen/sanjalala





