За разлика од минатата година, деновите ќе почнат да ни траат подолго еден ден порано. Поточно, последниот викенд во март, односно ноќта од сабота (28 март) кон недела (29 март), започнува летното сметање на времето и таа ноќ стрелките на часовникот ги поместуваме еден час нанапред. Тоа значи дека тој ден ќе трае еден час пократко – односно 23 часа – но затоа ќе се стемнува подоцна.
Имено, конкретниот датум кога сонцето конечно ќе почне да заоѓа по 18 часот е последната недела во март.
Целта на воведувањето летно и зимско сметање на времето е подобро искористување на дневната светлина и намалување на потрошувачката на енергија, иако денес сè почесто се поставува прашањето дали оваа практика сè уште има смисла.
Летно сметање на времето во последните 10 години:
2026 – 29 март
2025 – 30 март
2024 – 31 март
2023 – 26 март
2022 – 27 март
2021 – 28 март
2020 – 29 март
2019 – 31 март
2018 – 25 март
2017 – 26 март
Годинава часовникот се поместува порано, додека причината е едноставна. Имено, податоците за преминот на летно сметање на времето во последните десет години покажуваат дека датумот варира. Причината е едноставна – низ Европа, па и кај нас, важи истото правило: промената секогаш се случува последната недела во март (а во есен – последната недела во октомври).
Календарските датуми секоја година паѓаат во различни денови од неделата, се менува и точниот датум. Понекогаш последната недела е порано, понекогаш подоцна во месецот. Значи правилото е исто – последниот викенд во март – но бидејќи датумите варираат, во 2026 година изгледа како стрелките да ги поместуваме порано.
На 29 март во 2 часот по полноќ, стрелките директно ќе се поместат на 3 часот. Ќе изгубиме еден час сон, денот ќе трае 23 часа, но светлиот дел од денот ќе биде подолг. За полесно паметење: во март стрелките одат нанапред, во октомври наназад.
извор:курир.мк
фото:freepik







