Радио Милева изненадена од колешката

Дара Бубамара се обиде да ја понижи колешката Сања Вучиќ, а јавноста остана згрозена

Дара Бубамара се обиде да ја понижи колешката Сања Вучиќ, а јавноста остана згрозена

Фолк пејачката Дара Бубамара се обиде да ја понижи својата колешка Сања Вучиќ во „Ѕвезде Гранда“ поради нејзиниот акцент од Крушевац.

Имено, Сања е од неодамна во музичкото натпреварување, а сега за првпат имаше жестока борба со членовите на жирито, кои не се согласуваа со неа околу гласањето за еден натпреварувач.

Сања се обиде да им објасни дека грешат и дека нејзиниот кандидат има потенцијал, а кога почна да објаснува зошто е незадоволна од нивниот глас, неколку пати нагласи дека е шокирана.

Бидејќи Вучиќ не се откажува од својот крушевачки акцент, Дара иронично ја имитираше во еден момент, меѓутоа, Сања го повтори зборот „шокирана“ на ист начин и не обрна внимание на навредите од пејачката.

– Шокирана сум, особено од тебе Ѓолe, не го очекував тоа, знаеш како се пее овој жанр. Велиш дека „нема поим“. Ајде, те молам, да те слушнам. Ги слушав твоите настапи – му рече таа на Ѓорѓе Давид и продолжи:

– Прво сум апсолутно шокирана од твоите зборови… Не слушам Даро? – праша Сања кога Бубамара ја повтори реченицата на Сања на ист начин.

фото:Printscreen/Youtube/Zvezde Granda

To top