Мегафон поткаст гостин

Тамара Ангеловска во „Ништо лично“

Тамара Ангеловска во „Ништо лично“

Таа е родена  1998-ма година во Скопје, а јавноста најпрвин ќе ја запознае уште како малолетна, кога на македонската естрада со неполни 18 години дебитираше како талентирана и надежна поп пејачка.

Паралелно со естрадата, учеше и матурираше на отсекот Теоретичар со облигат флејта при средното музичко училиште “Илија Николовски Луј” во Скопје. Беше една од оние нови, млади естрадни ѕвезди што ре раѓаат со мноштво фестивалски настапи. Зад себе имаше и голем број освоени фестивалски награди и тоа ширум светот. На домашен терен со својата прва студиска песна освои награда за најдобра дебитант на “Охрид фест”, но и прво место на “Езерски бисери”. Надвор од Македонија, во силна конкуренција од повеќе од 250 пејачи ќе  освои Гранд При во Анталија, Турција, потоа во Хаифа, Израел прво место, во Москва, Русија трето место и во Минск, Белорусија второ место.

Но тогаш кога најсилнио требаше да блесне, таа ја напушти естрадната кариера, замина за Софија, престолнината на соседна Бугарија, каде се запишува на музичката академија. Но, наместо матичниот инструмент – флејтата, студира оперско пеење и актерство.

По успешно дипломирањето, почнуваат да се редат настапите и ги добива нејзините први оперски улоги. И тоа не само во Бугарија, туку почнува полека да ги освојува оперските сцени и ширум Балканот.

Како во Србија, Словенија, малку и дома во Македонија, но и оние во Европа, како Италија на пример, па и во светот, со своите настапи дури во далечната Кина.

Во меѓувреме, паралелно со операта, актерството ќе биде нејзин уметнички порив, па така нема да остане незабележана и ќе добие улоги во две бугарски ТВ серии: „Украден живот“  и „Браќа“, од кои првата се емитуваше и кај нас на ТВ Алфа.

Потоа ќе оствари улоги не само на ТВ, туку и во театар во претставите „Проблем“ и „12 јадосани жени“, каде покрај оперскиот, ќе ги покаже и сиот свој актерски талент.

Сепак, операта останува нејзината прва и веројатно најголема љубов.

За почетоците и естрадата, за животот на релација Скопје-Софија, за студиите во соседна Бугарија, за идолите, професорите и менторите, за оперско-актерската кариера на една Македонка во бурни политички времиња со источниот сосед, за евентуалните проблеми и провокации, за другарството и поријателството со колегите Бугари, за сличностите и разликите во едукацијата, културата, театарот, операта кај нас и кај нив…

За настапите и ангажманите ширум Балканот, Европа и Светот, за сопствената професионална иднина, за себе, приватноста и емотивниот живот…

Но и за многу други нешта кои никогаш не сте ги слушнале, повеќе во интер ток шоуто од оперската певица и актерка, Тамара Ангеловска, која е поткаст гостинка во ова издание на „Ништо лично“, кај вашиот домаќин Антонио Димитриевски.

Премиерата оди вечерва, СРЕДА,  22-ри април со почеток во 20.00 часот,  ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (

Фото: Инстаграм/tamaraangelovska

To top