Со продолжените викенди и наближувањето на топлата летна сезона, воведувањето на новиот ЕЕС систем за регистрација на граничните премини е се’ почеста тема на дискусија, особено кога истиот ќе ве засегне.
Дека колоните за чекање на граничниот премин Евзони знаат да бидат такви и со часови, ТВ водителката Снеже Велков покажа сосема поинаков личен пример од искуство за влез во Хрватска.

Снеже беше позитивно изненадена дека го дочекала она што не го очекуваше, па реши да сподели дека не мора да постојат стравови кога ќе се најдете непосредно во истата ситуација, па вели:
-Сите што ве плашат дека новите систем ЕЕС е страшен и комплициран ушите да ви ги јадат! Излегуваш од кола. Додека ти го гледаат пасошот како и стандардно- стоиш пред камерчето и ставаш прст за скенирање. 2 минути работа. Фала пријатно! – порача Снеже.

Дали и се погоди на среќа или ситуацијата по граничните премини е различна, останува дискутабилно.
Што и како на кого ќе му се погоди, останува по она да се земат во предвид сите околности.
Среќно!
фото:Instagram printscreen/velkovsneze




