Радио Милева чиста среќа

Теа Трајковска затечена и пријатно изненадена од она што и се случи, а се’ јасно укажува дека пејачката наскоро ќе се мажи

Теа Трајковска затечена и пријатно изненадена од она што и се случи, а се’ јасно укажува дека пејачката наскоро ќе се мажи

Моментот кога невестата се врти со грбот и го фрла бидермаерот, а сите немажени и слободни девојки застануваат во борба за букетот, е неизоставен дел на секоја свадба.

Пред стотина години постоело верување дека ако ја допрете невестата, ќе ве следи среќа, а уште поголема радост ќе ве чека ако откините дел од венчаницата или од велот.

Она што останало е само  обичајот со фаќање на бидермаерот за немажените гостинки, кои ова редовно го доживуваат еурорично и со воодушевување. Според верувањето, момата која ќе го фати бидермаерот е следна што ќе застане на лудиот камен.

Ете таа убава и среќана мома од свадбата на актерката Ангела Димитрова Митровиќ, беше пејачката Теа Трајковска која се најде меѓу немажените гостинки на свадбената забава.

Еден. дрва три и оп, бидермаерот заврши кај Теа!

Таа пак, нималку со борбен став и позиција од последниот ред,  лабаво го дочека букетот и пријатно се изненади каков знак и прати универзумот.

Чиста среќа!

 

Иако речиси ништо не е познато јавно за тоа каков љубовен статус има Теа, ако нешто во меѓуеме се случи,осносно смени,  следната невеста нема да биде изненадување за тоа која е.

фото:Instagram printscreen/theatrajkovska

To top