Мегафон на денешен ден...

Пет години без легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ

Пет години без легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ

На денешен ден, во 2021-ва година, на 67-годишна возраст почина Ѓорѓе Балашевиќ.

Беше еден од најголемите текстописци и изведувачи на овие простори. Беше член на групите„ Жетва“ и „Рани мраз“, а во 1982 година започна соло кариера.

Во својата скоро петдецениска кариера, Балашевиќ одржа стотици концерти во градовите низ поранешна Југославија, сними 12 албуми и остави зад себе десетици хитови, од кои многумина станаа евергрини и химни за многу генерации во регионот.

Исто така, има глумено во неколку телевизиски серии, за кои пишувал и музика.

Ѓорѓе Балашевиќ роден е на 11 мај 1953 година во Нови Сад.

фото: printscreen/facebook/Đorđe Balašević

To top