Радио Милева на денешен ден...

„Кога поминаа десет преубави години?“ Елена Стојановска прославува јубилеј

„Кога поминаа десет преубави години?“ Елена Стојановска прославува јубилеј

ТВ водителката Елена Стојановска Јанковска на социјалните мрежи каде што е активна пред следбениците сподели еден момент кој се случил на денешен ден, а за неа многу значаен.

Имено таа се присети на времето кога точно пред десет години на денешен ден ја започна нејзината кариера на екранот, во ТВ Сител.

Така, Елена со една фотографија која ја сподели ги посети следбениците и како изгледала тогаш. Иако како што вели нема ниту една од студиото од првата емисија бидејќи била премногу возбудена. Таа успеала да најде една од шминќерница и таа е единствената која ја сподели.

За убавиот повод, водителката објави на Инстаграм,  па во описот напиша:

„ Сител и јас, денес точно 10 години љубов.  Втората фотографија е направена веднаш после мојата прва емисија во„Ја сакам Македонија“ на денешен ден, во шминкерница. Немам ниту една слика од тој ден во студио, веројатно од возбуда не сум се ни сликнала“ – заврши водителката и надополни дека просто не и се верува дека времето така брзо и едноставно  летнало.

„Не ми се верува кога поминаа десет преубави години … За следните што доаѓаат“  – напиша со емотикон дека наздравува за наредните години кои таа планира да ги помине во истата атмосфера.

фото: print screen/Instagram/enna_inna

To top