14-ти февруари за едни Свети Трифун, за други Ден на вљубените – Свети Валентин, а за него и ден на одлука… И тоа животна!
Популарниот (т)рапер Драган Величковски – Тајзи за празникот на виното и љубовта саканата ја однесе во македонскиот бисер Охрид, па вечерта ја искористи за да и го приреди најбисерниот момернт диосега во нивната врска. Тајзи клекна на колена пред саканата Ангела со свршеничкиот прстен во раката и ја запроси.

„Знаев дека си ти… Секогаш ти… Две души – една иднина’ – споделил пејачот покрај објававените фотографии од емотивниот чин на својот Инстаграм.

На објавените фотографии се забележува и романтичната атмосфера, внимателно одбраниот ноќен езерски амбиент и широката насмевка во моментот кога Тајзи ѝ го подава прстенот на својата идна животна сопстбичка, додека Ангела видно возбудена, изненадена и трогната најпрвин го прекрива лицето со дланките, а потоа ја прифаќа свршеничката понуда.

Љубовниот бакнеж за вечност ја крунисува просидбата…

А, свршеничкиот прстен осамнува на раката на саканата, сега веќе негова свршеница.

Вечерта и не треба да се претпостави колку била романтична, испшолнета со многу љубов, нежности и страст… Онака како што ваквиот чин во една вистинска љубов и заслужува! А кој знае, можеби токму таа ноќ ќе донес и нова, двојна радост наскоро!?

Инаку кумановецот со години успешно ја чуваше својата приватност далеку од очите на јавноста, но овојпат не одолеа и самиот да ја сподели среќата со своите следбеници и фанови. За неговата избраничка е само познато дека работи како манекенка и модел и дека и таа како и самиот тој, потекнува од Куманово.

Објавата за радосната вест предизвика лавина од честитки и цунами од позитивни реакции на социјалните мрежи и деновиве осамна на насловниците на мноштвото портали.

Кумановецот кој е успешно присутен на естрадната сцена повеќе од една и пол деценија, пред извесен број години откри дека на 18-годишна возраст имал тешка операција и бил на работ да го изгуби животот. Кажа дека тогаш се молел на Бога да му даде уште една шанса. По операцијата, животот му се променил од корен и тој започнал да пее и пишува.
Сега Тајзи започнува уште едно ново животно поглавје со саканата… Нека им е со среќа!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/tyzee_tajzi





