Радио Милева непосакуван „танц по мразот“...

Овој пат не е лажна вест: Елена Велевска во Прилеп доживеала сообраќајка – еве како минала фолкерката!

Овој пат не е лажна вест: Елена Велевска во Прилеп доживеала сообраќајка – еве како минала фолкерката!

Снегот среде јануари никако не може да се каже дека не изненади, но затоа пак многумина ги изненади веста во која веднаш не поверуваа дека  фолк пејачката Елена Велевска токму на денот кога Македонија осамна под снежна покривка, доживеала сообраќајна несреќа… Или поточно, само незгода.

Сето ова по лажната вест која неодамна и самата ја прочитала за себе на социјалните мрежи, дека пејачката си го одзела животот, поточно дека Елена Велевска се обесила. Лага која и самата во неколку наврати ја демантираше:

„Уште ваква дезинформација немав прочитано за мене. Жално и бедно е што се’ користите за лајкови. Срамота“ – споделила Елена покрај „исечокот“ од лажната објава за неа, а и самата тоа го потврди при гостувањето во еден поткаст за ИН ТВ Австралија.

Но, овој пат веста за сообраќајката не беше лажна, туку вистинска, што го потврдуваат и објавените фотографии. Тој ден Прилеп како и цела Македонија  под снежна покривка,  температурата под нулата, коловозот подмрзнат, асфалтот лизгав, па мало невнимание и „белото Мече“ се нашло кај што не треба.

Дали искривената бандера која се гледа на сликата е последица од „непосакуваниот танц по мразот“ – не е познато! Она што е познато е следново.

Имено, како што објави Шило магазин,  пејачката Елена Велевска на 21-ви јануари доживеала сообраќајна незгода во Прилеп. Според информациите до кои дошле, таа била сопатник во возило марка „Мерцедес“. Како причина за незгодата се наведува замрзнатиот и лизгав коловоз. Во сообраќајката за среќа немало повредени лица, а причинета е само материјална штета. Што значи дека фолкерката освен претрпениот шок и страв во моментот, поминала без никакви повреди, модринки или гребнатинки.

Останатото го завршила пајак службата која го кренала, односно извлекла „Мечето“ на сигурно!

Наизглед штетата не толку голема, а Велевска ќе мора да одработи барем една тезга за негова поправка!

Фото: Шило магазин/Фејсбук –  Elena Velevska

Видео:  Intv Avstralija

To top