Откако дента, среда, 21-ви јануари 2026-та, на својјот 25-ти роденден Антониа Гиговска јавно ги сподели мноштвото честитки на својот Инстаграм, вечерта ја резервира за роденденската прослава. Прославата закажана во еден од најелитните скопски лоунџ барови, отмена, гламурозна, но, само за одбрано друштво во строго ограничена бројка. Меѓу гостите само личните пријатели и блиски соработници на пејачката, со минимално присуство на по некоја јавна личност и со строго пропишан дрес код: Во бело!

Во бело и славеничката Гиговска, во елегантна свечена долга тоалета, во која многу повеќе наликува на невеста отлколку на роденденка, ама тоа е нејзиниот избор.

Роденденот по строг протокол, на долг ред споени маси, соодветно украсени и сервирани, со строго пропишани места за седење со поглед кон мини сцената.

А таму Дј кој ги забавува гостите со своите музички сетови и таа… „кралицата на вечерта“, славеничката Антониа. Роденден кој наликува на нејзин актерско-изведувачки и танчерски перформанс со позирање пред фотообјективот и камерата, за да се забелажат изгледот и најинтересните моменти од прославата на роденденката.
А роденденот не би бил тоа што е без роденденска торта. Оваа збогатена уште и со мноштво слатки колачиња и сето тоа во една единствена, мастило сина боја. Само бројката и натписот со пораката на тортата „златни“, а славеничката со широко отворена уста во еден здив ги дувна свеќичките.
Највпечатливиот моментот на вечерта сепак не беше дувањето на свеќичките на тортата, туку поврачувањето на подарокот од сопругот.
По теркот на ромските свадби кога гостите на лице место ги покажуваат подароците добиени од гостите, Антониа и сопругот Роберт (Џокер), излегоа на мини сцената заедно и изведоа своевиден перформанс.
Со мноштво украсни балони во вид на срце, букет од стои една црвена роза, прегратки, бакнежи и прсти во нејзините руси коси, Џокер одново Антониа ја запроси… по втор пат?!
Или барем така тоа изгледаше откако убаво спакуваниот во провидна кутија прстен со украсен камен налик на дијамант, заврши на еден од прстите на раката на славеничката!

Остатокот на вечерта- роденденска журка и забава која останува во сеќавање на славеничката, нејзиниот сопруг и сите присутни.
Антониа Гиговска од Џокер доби уште еден прстен, овој пат за роденден, по оној вереничкиот кога ја запроси и бурмата, која до душа не ја видовме, ама белким се подразбира, кога трудна до заби пејачката реши да се сврши!

Фото и видео: Инстаграм/jokerdam93/antoniagigovskaa





