Пејачката Милица Тодоровиќ денес имала закажан преглед кај гинеколог, а локалните медиуми успеале да снимат неколку снимки.
Имено, Милица изгледала многу среќна и расположена, а од нејзиниот стомак се гледа дека е на момент пред големиот чин.
Фотографиите ,можете да ги погледнете ТУКА
Таа носела опуштена гардероба, додека се греела со крзнено палто. Не била сама, а пријателка која ја чекала во автомобилот ја донела во лекарската ординација.
Милица Тодоровиќ неодамна се огласила преку Инстаграм и ѝ го честитала 40-тиот роденден на својата сестра Јована.

Сопругот на Јована бил менаџер на Милица четири години, а во медиумите имало многу шпекулации за нивната врска. Јавно се зборувало дека довербата меѓу нив е нарушена поради наводната финансиска измама, во која се споменува сума од 60.000 евра, поради што се тврдело дека сестрите повеќе не комуницираат.

– Се случило големо предавство. Сестра ми не можела да застане на моја страна, туку останала со својот сопруг заради децата. Но, нема врска, останав без сестра ми и братучеди во следните пет години. Таа е сестра кон која сум особено приврзана. Минатата година седнав со зет ми и му раскажав сè што чував во себе четири или пет години, сите најгрди работи. Тој се извини и искрено се покаја – откри Милица тогаш.
фото:Instagram printscreen/milicatodorovicofficial






