Македонскиот фолк пејач Јордан Митев покрај авторско-вокалните способности, важи и за голем патриот, семеен човек и голем домаќин.

Кон крајот на минатата 2025 година тој и неговата сопруга се остварија како родители стана по вторпат, овој пат на машко чедо кое го доби името Кристијан. Синчето на свет дојде на големиот христијанскипразник Крстовден, па оттука не случајно го доби тоа име.

Новиот член на фамилијата ја исполни семејната целина, а убавите денови тогаш дополнително добија на убавина и со роденденот на малата наследничка, првородената ќерка Кристина која наполни две години.

„Како вчера да се роди, а веќе поминаа две години. Среќен роденден ќерко моја! Биди здрава и жива, Господ секогаш нека биде со тебе и нека ти ја подари сета убавина, радост и среќа на овој свет, а јас ќе направам сè што можам за тебе“ – напиша тогаш на социјалната мрежа Фејсбук популарниот фолк пејач, кој и не баш од оние познати лица кои секојдневно објавуваат моменти од приватниот живот.

Но, она што го затекна во семејната куќа во село Подареш, во близина на Радовиш во кое Јордан живее, не можеше да одолее да не го сподели на социјалните мрежи. На неа двегодишната ќеркичка Кристина како ги воспрема семејните вредности и традицијата, додека учи од нејзината баба како се меси леб, односно погача во кујната.

„Вредности кои што се непроценливи. Фала му на Бога што можеме да ги доживееме. Кога темелот е добро и цврсто поставен тогаш градбата е отпорна на земјотреси“- споделил пејачот во описот на фотографијата што ја објави на својот Фејсбук профил.
Фотографија со која уште еднаш покажа дека семејството и семејните вредности, заедно со домашното воспитување и традицијата се навистина темелот врз која се градат здравите личности, почнувајќи уште од најмали нозе и најмлади години.
Фото: Инстаграм и Фејсбук/JORDAN MITEV






