Радио Милева раскитување...

„Eдвај чекам да ја мафнам“: Миа Костова веќе и кажа „чао“ на елката

„Eдвај чекам да ја мафнам“: Миа Костова веќе и кажа „чао“ на елката

Сите зборуваат за китење на елката, споделуваат видеа на социјалите мрежи, ги покажуваат новите украси и ужуваат во тој магичен дел кој ја прави празничната атмосфера ама, кога ќе дојде време за вадење на украсите е навистина тешко.

Некои веруваат дека колку подолго стои елката толку е полошо бидејќи украсите се полнат со прашина. Според некое непишано правило може да стои најдоцна до 18 Јануари, но како и да е, најсигурно е дека ќе стои до тогаш кога домакините ќе одлучат.

И додека за некои уште е рано за тој момент, за некои не е. Една од нив е  познатата и влијателна македонска инфклуенсерка, Миа Костова која оваа година веќе и кажа „чао“ на елката.

Овој период од годината е познат по вирусите, а таа прележува еден за кој следбениците дознаа  преку Инстаграм каде таа со нив сподели.

Па така додека се бори со кашлицата вчера ја собра елката, ги тргна новогодишните украси и откри дека како што го чека моментот на китење, го чека и  за раскитување.

– Колку што едвај чекам да ја накитам, толку едвај чекам да ја мафнам –  напиша во описот и  додаде емотикон кој плаче од смеење.

Веројатно и другите се препознаа во нејзиниот пост кој го сподели а можеби доста и ги испирираше и ги потсети побрзо да го направат тоа. Сепак веројатно кај повеќето ќе остане дури и цел јануари, а познатите за тој дел од приказната поретко се огласуваат.

foto: printscreen/instagram/miandrija

To top