Радио Милева брутално искрен

Виктор Апостоловски со бебешки муабети за новородениот син: „Има мажи што не се свесни колку пропуштаат“

Виктор Апостоловски со бебешки муабети за новородениот син: „Има мажи што не се свесни колку пропуштаат“

Младиот музичар и автор на стендап телевизиската емисија „Кој те праша“, Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена Доневска станаа родители за првпат пред околу еден месец.

Убавата вест гордиот татко ја обзнани преку видео од болницата каде го дочека доаѓањето на првото машко кај Апостоловци, наследникот кој го носи името Адам.

Сега, Виктор и тоа како има бебешки теми за својата „Кој те праша“, а меѓу последните негови видувања и излагања, беше онаа за менување пелени. Како и секогаш духовит и интересен, Виктор брутално искрен по битолски им порача на мажите и тазе татковци дека не знаат што пропуштаат во животот.

– Јас за се’ сум кејфој, таков како личност сум, не знам…Пример и за менвање пелени, кејфој сум. Еве ќе споделам еден момент што секое сабајле кога јас му менувам пелена, принцот Адам решава тогаш да ми врши голема нужда што ја викаме, на сред менвање. Уште нероден, префинет е бе бате. Нејќи да си ја валка пелената. Тој си знај како се оди во ве-це, не оди таму облечен. Има луѓе дур го зборам ова ќе му се згади. Море кејфој сум море човек. Да ми кажваше некој дека ќе бидам среќен за такви моменти, немаше да му вервам. Ама мене искрено прејако ми е. Има мажи шо не го гибнуват детето дур е толку мало, шубе, да не нешто му се напрај, в раце да го земат, да го гушнат, камо ли нешто друго да направат. Не се свесни колку пропуштаат,ама добро. На крајот на дено, кој ме праша? – резимира тато Виктор.

Виктор само неколку дена по раѓањето на синчето  откри дека присуствувал на породувањето и дека ова му го препорачува на секој маж, зашто вели, откако видел низ каква мака поминала Милена за да го роди нивното бебе, сега ја сака 200.000 пати повеќе.

фото:Instagram printscreen/professor_va

To top