Радио Милева некој трепка, некој трепери...

Најпознатиот македонски естраден осуденик на Димитар Атанасовски и Сара Мејс им предизвика „брачен стрес“: „Со Боки 13-ка сме у љубов“!

Најпознатиот македонски естраден осуденик на Димитар Атанасовски и Сара Мејс им предизвика „брачен стрес“:  „Со Боки 13-ка сме у љубов“!

Предновогодишните  денови се како создадени за прослави на нобичниот народ, за претпразнични настапи на естрадните уметници по разни локали, ама и за  снимања на познатите естрадни ѕвезди за разни новогодишни шоу емисии и ТВ програми, а Бога ми и поткасти.

Еден од оние кои има гледано Јутјуб шоу е и битолскиот Јутјуб поткастер  Мими Марковски чие подвижно испрашување многу познати фаци досега го доживеале возејќи се со него на музабет во познатото црвено југо.

Така беше и овој пат, кога во него Мими ги качи  на нпредновогодишно возење Сара Мејс  и „Девојките“… Само штоп овој пат Југото беше го украсил со сијалички па истото личеше на подвижна новогодишна елка или црвениот камион на Дедо Мраз од познатата реклама за најпродаваниот безалкохолен пијалак на светот.  Нека… „Мека трепка“ како што  е насловена најновата новогодишна песна на Сара и „Девојките“, па трепкаа и блескаа сите заедно. И Југото однадвор и девојките одвнатре… А, само еден не трепкаше, туку трепереше.

Имено, додека Мими и гостинките го привршуваа своето новогодишно „Југо роуд шоу“, пееја, се смееа, се забавуваа, на Сара Мејс и заѕвоне мобилниот, а од другата страна тој… Димитар. Маж како маж – да праша каде се и до каде се, а и со кого се… Кога Сара го здрви со одговорот: „Со Боки 13-ка сме во љубов“…

Фацијалната екиспресија на веројатно „стаписаниот сопруг“ веднаш  не му ја видовме, ама Сара пак и брзо појасни дека само Боки правел вакви шокантни „лајвови“ односно живи вклучувања. Димитар некако им зазвуче „наострен“, , барем присутните во Југото така на прва ја доживејаа неговата реакција.

Но, набрзо и сами се разубедија дека само така им се присторило, откако само навидум „распаметениот сопруг“ го лоцираше Југото па ја отвори вратата повикувајќи ја надвор да излезе сопругата. Откако Сара категорички го одби излегувањето додека  не завршат до крај со снимањето, домаќинот од зад воланот го покани Димитар да им се придружи, на што овој на Мими му возврати:

„Не бе брат, уште јас ти фалам овде. Седи си да видиш како е… Пукни“ – па ја тресна вратата од Југото и го напушти местото, додека сите во автомобилот прснаа од смеење.

Како и не би кога сето ова беше само „семејно расчистување сметки“, ама на шега меѓу Димитар Атанасовски, сопругата му Сара Мејс и домаќинот на „драјв поткастот“ Мими Марковски. Епа… „Нека трепка“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mimi Markovski (@mimi4u16)

Фото и видео: Инстаграм/mimi4u16

To top