Радио Милева за нови почетоци

Емра Кутришова смени имиџ – ќе ја препознаете ли ваква?

Емра Кутришова смени имиџ – ќе ја препознаете ли ваква?

Актрката Емра Куртишова која ја препознаваме како Исаура од популарниот македонски ситком „Преспав“, остана автентична миленичка на гледачите, особено откако бремена играше во последната сезона непосредно пред да ја роди ќеркичката Лена.

Емра исто така е препознатлива и за сите родители и деца кои редовно ги следат претставите во Театар за деца и млади, или поточно нејзиниот матичен театар и на сопругот Петар Стојанов.

Нивната наследничка Лена, веќе потпркна и има две годинки, време кога почнува периодот на нејзината зголемена љубопитност и подвижност, така што на мама и тато постојано им требаат екстра нозе и раце.

Емра или Ираура како повеќето милувааат да ја викаат, и да не се појавува во „Прспав“ таа не губи на актуелност и атрактвност за јавноста. Таа и сопругот и колега Петар се секогаш несебични за да ја поделат својата среќа и моменти од секојдневиото.

Иако Лена им е прва на дневен распоред од репертоар, овој пат од најновите објави фокусот беше мама, односно нејзиниот нов имиџ.

Емра се пофали со новата освежена и осветелна коса, па од редот на бринети, речиси премина кон русокоси.

Актерката досега негуваше ист имиџ кога фризурата е во прашање, а сега се реши за една впечатлива промена од крајот на старата и почетокот на Новата 2026 година.

фото: Instagram printscreen/ emra.kurtishova

To top